ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ И ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИ ПОДАТОЦИ

Бутик Анел (butikanel.mk) ги превзема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, или злоупотреба, како и неавторизиран пристап. Бутик Анел (butikanel.mk) во текот на целиот процес на трансакцијата има никаков увид во бројот, датумот на издавање, датумот на важност, сигурносниот код или било кој друг податок од Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб страната на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

Бутик Анел (butikanel.mk) се обврзува да ја заштити приватноста на личните податоци на купувачот од веб страницата www.butikanel.mk и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на личните податоци и други позитивни прописи од оваа област кои се на сила во Република Северна Македонија.
Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители/купувачи на веб страницата butikanel.mk се наведени во Политиката за приватност. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат.

При посетата на butikanel.mk, не се врши автоматско прибирање на лични податоци. Истото се случува при доброволно креирање на акаунт од страна на посетителот или купувачот.
Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители и купувачи на веб страницата www.butikanel.mk.
Бутик Анел (butikanel.mk) има право да собира, складира, анализира и користи статистички податоци за користењето на веб страницата.
Корисникот е одговорен за заштита на доверливоста на неговата лозинка.

 

ПОЛИТИКА ЗА ДОСТАВА НА ПРОИЗВОДИ / ОВОЗМОЖУВАЊЕ УСЛУГИ

1. Цел
Целта на нашата услуга е да се обезбеди едноставна и удобна услуга за вас, поврзување со нашите салони партнери и нивните мениа и овозможување да резервирате услуга од нив. Бутик Анел (butikanel.mk) овозможува лесно и брзо резервирање на услуга во некој од нашите партнери салони, со што ќе можете навремено да ја извршите резервацијата без никакво чекање.

2. Достапност на услугата
Бутик Анел (butikanel.mk) нуди резервирање на услуги од нашите партнери салони низ Скопје и Охрид, а во иднина и на територијата на целата држава.

3. Нарачки
Кога правите нарачка преку нашиот сервис, вас ви стигнува емаил со потврда за вашата нарачка. Ве молиме да се осигурате дека оставате точна е-маил адреса, бидејќи на овој начин ќе комуницираме со вас во врска со вашата нарачка. Исто така осигурајте се дека во профилот имате внесено точна адреса и телефонски број. Ве молиме да не информирате преку е-маил или на телефон доколку имате какви било коментари во врска со нашата услуга.

4. Откажување на резервација
Вие имате право да ја откажете нарачката во разумен рок. Корисниците можат исто така да ја откажат нарачката доколку се јават во салонот, кој е должен да не извести нас за поништувањето на нарачката. Вие нема да ја платите нарачката која е откажана во согласност со оваа клаузула.

5. Цена
Цената на секоја производ е наведена на нашиот сајт. Цените се со вклучен ДДВ. Цените се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на тековната нарачка за која ви стигнала е-маил потврда, освен во случај на очигледна грешка во цените, при што ние веднаш ќе ве известиме за можните промени. Доколку не ви одговараат променетите цени вие ќе бидете во можност да ја откажете нарачката.

6. Пристап и употребување на сајтот
Бутик Анел (butikanel.mk) го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Бутик Анел (butikanel.mk), и Бутик Анел (butikanel.mk) не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Сајтот може да е недостапен поради било каква причина. Бутик Анел (butikanel.mk) има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот. Како предуслов за употреба на сајтот, Вие се согласувате дека: имате најмалку 18 години; сте во можност да направите правна обврска; нема да се обидете да вршите било какво дејство врз сајтот за вадење на информации од него; вашето користење на сајтот во секое време ќе биде во согласност со овие Услови на Употреба; ќе правите легитимни нарачки и плаќање на истите; ќе оставате точни информации за Вас во било кое место на сајтот каде оставате податоци; ќе ги променувате податоците за вас по потреба за да се осигурате дека се точни во било кое време. Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување

7. Доцнење на интернетот
Веб-страницата на компанијата, софтверот и услугите може да бидат предмет на ограничувања, одложувања и други проблеми поврзани со користењето на Интернет и електронските комуникации, освен како што е наведено во Политиката за приватност на Друштвото или како што е поинаку побарано од важечкиот закон. Бутик Анел (butikanel.mk) не е одговорен за било какви одложувања, неуспеси во испораката или друга економска штета што произлегува од такви проблеми.

8. Ограничување на одговорноста
Во никој случај Бутик Анел (butikanel.mk), неговите соработници, нивните вработени, агенти, доставувачи, даватели на услуги и провајдери на содржина не се одговорни за било кои посредни, случајни, специјални, последователни или казнени штети кои произлегуваат од, или се поврзани со: вашето користење на сајтот, содржината, корисничката содржина и други информации содржани на сајтот; вашата неможност да го користите сајтот; промена или отстранување на содржина поставена на сајтот;

9. Измена на Условите на користење
Бутик Анел (butikanel.mk) го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката на приватност како што смета дека е неопходно или пожелно. Од вас се очекува да ја проверувате оваа страница од време на време и да обрнете внимание на промените што се направени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање на тие измени

 

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот 075-348-575, 09-17ч, или пак да ни испратите емаил со свои податоци (име, презиме и телефон) на некои од следниве адреси bovani_mi@yahoo.com, staff@butikanel.mk, info@butikanel.mk при што ќе ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да нè контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката. Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка во најкраток можен рок. Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба. Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот купувачот добил неисправен или погрешен производ. За да се замени или врати производ, истиот задолжително мора да биде неоштетен и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата. По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена. Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае и до 15 работни дена.